Денес, во спортскиот центар „Јане Сандански’ се одигра натпреварот од 8.коло помеѓу ЖРК Вардар и Куманово, ова дерби го доби тимот на кумановки со 22-27.
Дербито започна со четири гола за само две минути, ние поведовме преку Миновска и Џатевска, а ривалот изедначи (2-2). Тимовите беа резултатски блиски, по 10.минути беше 5-5, резултат кој го постави Џатевска со својот 3ти погодок до тогаш. Гостинот искористувајќи ги одбраните на екс вардарката, Грујовска поведе прв пат со два гола (5-7) во 13.минута, Царчев веднаш реагираше со тајм-аут. Тоа донесе изедначување, најпрвин од клупата влезе и одбрани пенал, Трајкоска во напад погодивме за 7-7 по што Ристова, тренерот на гостинот во 16.минута која исто така лани беше во црвено-црниот тим побара “минута одмор’. Следеа 7.минути со по еден гол на двете страни (8-8) кај нас Илиќ врза неколку одбрани во тој период. Следеше пад на концентрацијата на вардаровите девојки, со серија 0-3 гостите се одлепија на 8-11 во 25.минута. На одмор заминавме со резултат 11-14.
Во вториот дел изгубивме ритам, на средината на истиот губевме со шест гола, односно со резултат 16-22. Вардарки во 53.минута намалија на половина од негативата, односно на три гола (20-23). Противникот дојде до бодовите со 22-27.
Трпевска и Џатевска имаа по 6.гола, Илиќ одбрани 8.топки, а Ѓорѓиевска 7.удари.