Во недела на градскиот стадион во Кичево, екипата на ФК Вардар ќе гостува на Локомотива, на натпревар од 21.коло во ВМФЛ.
Натпреварот во недела ќе се одигра со почеток од 15:00 часот, а за главен судија е назначен Јован Качевски од Струга, додека од истиов град доаѓаат и неговите помошници, се работи за Разме Бакрачески и Климент Ристоски.
Вардар е фаворит за освојување на нови три бода, кои само би го зацврстиле на првото место на табелата.