Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките на Вардар остануваат лидери, убедливи и со РК Илинден
Младинките на Вардар остануваат лидери, убедливи и со РК Илинден

Младинките на Вардар остануваат лидери, убедливи и со РК Илинден

Младинките на ЖРК Вардар, вчера „гостуваа“ кај тимот на РК Илинден на дуел кој се одигра во салата „Круме Кепески“ во Кисела Вода. На оваа средба од младинската група-А, црвено-црните девојки дојдоа до лесна и убедлива победа со резултат 16-33 (8-20).

Двата тима започнаа со по еден погодок во противничките мрежи за почетни 1-1, ривалот само во тој момент на почетокот имаше позитивен резултат, потоа нашата доминација беше целосна.  Влеговме во серија бевме одлични во одбраната на три гола на противникот одговоривме со четири пати повеќе погодоци во нивната мрежа за 9.позитива при резултат, 4-13. Се до крајот на првиот дел ние од минута во минута ја зголемувавме предноста која за време на паузата беше 12.погодока, вардарки заминаа на одмор со резултат 8-20 за нас.

Во вториот дел  од оваа младинска средба   во рамки на 5.коло  продолживме во исти ритам, тренерот Царчев даде прилика на целиот ростер на оваа средба.  Како минуваше овој период повторно раснеше нашата предност, која на крајот беше 17.гола повеќе. Младинките оваа средба ја добија со резултат 16-33 во наша корист.

Сара Стефаноска беше прв стрелец со постигнати 5.гола, дури четири девојки имаа „4-ки“ зад своето име, по четири пати погодија: Максимовска Наталија, Коцева Борјана, Тошевска Магдалена и Ангелова Теодора. По три гола имаа три младинки, двата пикери Михаела Вељановска и Попова Нина како и Леона Миленковска. Крилото, Равојска Јана стрелаше во 2.наврата, а еден гол  беше дел на другиот крилен играч, Радевска Бојана.

Голманките сопреа заедно 15.удара, највеќе одбрани имаше Вероника Ѓорѓиевска вкупно 7, една помалце имаше Марија  Галачева, а најмладата Тамара Ѓорѓиевска одбрани 2.топки.