Денес со почеток од 14:00 часот на стадионот „Борис Трајковски“ ќе се одигра натпреварот од 1/8 финалето на Купот, на кој Вардар е домаќин на Македонија Ѓ.П.
Победникот од денешниот натпревар ќе успее да се пласира во следната елиминациска фаза од ова натпреварување. Димитар Пилешков од Штип ќе биде главен судија, додека негови помошници се Бранко Путилин од Скопје и Кристијан Џонов од Штип.