Friday ,04 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинските екипи на РК Вардар беа активни со одигрување на натпревари
Младинските екипи на РК Вардар беа активни со одигрување на натпревари

Младинските екипи на РК Вардар беа активни со одигрување на натпревари

Изминатиов викенд активни со одигрување на натпревари беа младинските екипи на РК Вардар.

Пионерите со висока победа и без примен гол ја започнаа сезоната, откако во спортската сала „Круме Кепески“ беа подобри од тимот на Јуниор К.В. Конечниот резултат на натпреварот гласеше 36:0 (21:0). Најефикасни во нашиот состав беа Лефтеров со 8 и Н.Атанасовски со 7 гола.

394366157_839485111519914_789713544371875539_n

Кадетите на првиот натпревар сезонава на домашен терен беа поразени од тимот на Мулти Есенс со резултат 20:34. Откако први успеавме да го отвориме резултатот, што се покажа како единствена предност за нашиот состав на овој натпревар, тимот на Мулти Есенс направи серија и поведе со 2:6. Вардарци заиграа подобро и успеаа да се доближат на само еден гол разлика, кога резултатот гласеше 8:9, но до крајот на првиот дел противникот со серија од 1:6, на полувреме успеа да замине со солидно водство од 9:15.

Први со гол го отворивме и вториот дел, но повторно Мулти Есенс влезе во серија на погодоци, стигна до двоцифрена предност од 10:21 и веќе се беше полесно за гостинот. До крајот на мечот имаа контрола на резултатот и на крајот славеа со убедливи 20:34. Антонијо Трајановски беше најефикасен во нашите редови со 7 голови, додека Огнен Тасевски постигна 4.

Пораз на гостувањето во Прилеп за младинците, кои го загубија натпреварот со резултат 35:24. Имавме водство од 1:2, за Прилеп да направи серија од 5:0 и да го превземе водството. Во еден момент, домашниот тим имаше и највисоки седум гола разлика, за Вардар да намали на 13:9. Во последните осум минути од првиот дел, Прилеп беше подобар на теренот, за на полувреме да има висока предност од 18:11.

Нашите младинци во вториот дел се заканија на предност на Прилеп, се доближија на само четири гола негатива (24:20), но сепак домаќинот врза три гола во серија и поведе со 27:20. До крајот предноста ја зголемија и славеа со двоцифрена разлика. Андреј Јанакиевски со 6 гола беше најефикасен во нашите редови.