После едномесечни подготовки во Анталија, експедицијата на Фк Вардар се врати во Скопје.Избраниците на Сергеј Андреев на овие припреми имаа можност да одиграат вкупно девет пријателски натпревари.
Забележаа четири победи, и тоа без примен гол, три нерешени резултати и два порази. Победи забележаа во мечевите против Видзев(2:0) , Амкар(3:0) ,Славија Прага(1:0) и Гуиже Рене(2:0). Без победник одиграа против екипите на Хелиос(2:2), Жилина(0:0) и Металург Запорожје(1:1). Порази се забележани во мечевите со Ѓурѓарден(1:2) и Улисес(1:3). Постигнаа вкупно 13 , а примија 8 гола . Најдобри асистенти со по две гол-додавања се Асани и Ибричиќ , а најдобри стрелци на подготовките беа Филип Ивановски и Артур Миранјан.
Овие денови момците имаат одмор, а потоа продолжуваат со тренинзи за да бидат подготвени за првиот натпревар во пролетниот дел. Противник е екипата на Силекс. Мечот се игра на први март во Кратово. Новост е и враќањето полека во тренажен процес на Илчо Наумовски и Дарко Глишиќ .
Фото:фквардар.мк