Петти ден три генерации на фудбалскиот клуб Вардар се наоѓаат во Охрид, каде го одработуваат главниот дел од подготовките за пролетниот дел од сезоната. Момчињата родени “2002“, “2003“ и “2004“ година секојдневно тренираат и по три пати на ден. Тренерите и надежите работат на физички и тактички план. ФК Вардар генерацијата “2003“ предводена од Томче Трајановски вредно работи, во продолжение ви носиме неколку фотографии од нив.
Тие играа и “контролка“ со екипата на Фер Плеј која ја победивме со резултат 6:4 за која ве известивме. Вчера одиграа пријателски меч со Еврофудбал и во овој меч нашите надежи дојдоа до триумф. Првото полувреме поведовме и го решивме во наша корист со 3-0. За нас двапати умешно стрелаше Антонио Мирков, а еден гол постигна и Лео Андрески. Во вториод дел нашиот противник успеа само да намали на 3-2 искористувајќи го тоа што Томче Трајановски во второто полувреме тестираше поголем дел од ростерот.