Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ФОТО) ФК Вардар во Хиподром тргна со првиот тренинг
(ФОТО) ФК Вардар во Хиподром тргна со првиот тренинг

(ФОТО) ФК Вардар во Хиподром тргна со првиот тренинг

Избраниците на Гоце Седлоски денес во 13-00 часот во тренинг кампот во скопската населба  Хиподром го имаа   првиот собир и првиот тренинг.  Со ова и   официјално ги стартуваа зимските подготовки.

Нашиот тим  ќе тренира во Скопје до 21 јануари кога е планирано заминување во Анталија, Турција. Во топлиот дел на јужен дел Турција   екипата ќе биде до 11 февруари. Последната фаза  пред почетокот на пролетниот дел ќе ги мине во Скопје. Денес на  првиот собир присуствуваше и новото име во редовите на Вардар, младинскиот репрезентативец Бесир Демири. Тука беа и Виктор Димков, Есмин Личина и Филип Стојчевски од младинскиот погон на Вардар.