Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Душебаев и Кањелас освоија турнир со Шпанија, пред почетокот на СП
Душебаев и Кањелас освоија турнир со Шпанија, пред почетокот на СП

Душебаев и Кањелас освоија турнир со Шпанија, пред почетокот на СП

Ракометната репрезентација на Шпанија го освои турнирот кој изминативе три денови се играше во Ирун. Избраниците на Жорди Рибера и на денешниот трет меч забележаа победа, овој пат во одлучувачки за првото место. Противник им беше селекцијата на Катар која ја совладаа со резултат 32:27.

Шпанија го отвори натпреварот со два последователни голови на крилото Томас, но на ист начин врати бекот на Катар, Капоте кој го израмни резултатот на 2:2. Во продолжение од натпреварот, селекцијата на Шпанија ја презема контролата на игра и е постојано во водство. Во 7 минута имаат водство од 4:2, за во 12 минута од дуелот повторно со гол на Томас, за кој беше четврти во тој момент да ги одржуваат двата гола разлика (6:4). Како течеше првиот дел, постепено но сигурно “фуријата“ го зголемуваше водството. Во игра влезе и Жоан Кањелас кој зголеми на 13:9, а во следните две минути стигнуваат и до највисоки 15:9. Коралес започна да брани, а неговите соиграчи до крајот на првото полувреме ја одржуваа предноста. На одмор се замина со резултат 19:14.

Во второто полувреме, Шпанците го одржуваа водството и имаа највисоки осум голови разлика 31:23. На крајот, Катр го ублажи поразот за конечен резултт од 32:27. Душебаев постигна два гола во победата, додека Кањелас беше стрелец на еден гол. Претходно Шпанија ги доби натпреварите против Полска и Аргентина и на тој начин го совои првото место.