Вчера на стадионот „Цементарница“ во скопската населба Кисела Вода момците на Зоран Петковски, генерација 2009 гостуваа кај екипата н ФК КУЛ Во еден ефикасен дуел ние бевме само минимално поразени со еден гол предност (4-3).
По неколку минути игра отворивме со голот на Матеј Ристевски за почетни 0-1, но веќе по само 60.секунди игра домашниот тим изедначи на 1-1. Се играше борбено и релативно рамноправно во првиот дел тоа се рефлектираше во нерешениот резултат (2-2).
Во вториот дел ФК Кул успеа да врзе два погодока и да се одлепи на нашиот тим на резултски план, ние до крајот намаливме преку Колевски Давид за конечни 4-3.