Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар продолжуваат со победи на пријателските натпревар. Вчера на спотскиот комплекс во населбата Хиподром, избраниците на Саше Божиноски убедливо ја победија екипата на Скопје со резултат 7:0.
Вардар: Илиевски, Митревски, Серафимов, Кулуковски, Јакимовски, Трајчевски, Фидановски, Дошев, Спасиќ, Кузмановски и Алији.
На полувреме младите надежи на Вардар беа во предност од 2:0, додека во вториот дел ја наполнија противничката мрежа. Алтин Алији беше голгетерески расположен постигнувајќи четири голови, додека во листата на стрелци се запишаа уште и Дамјан Цикарски, Агрон Туша и Никола Уневски. Вардар доминираше на овој натпревар со голем посед на топка, па конечниот резултат е реална слика по она што се случуваше на теренот.