Капитенот на ФК Вардар, Дарко Мицевски, прослави јубилеј од над 100 одиграни натпревари во црвено-црниот дрес. Мицевски заедно со Гачевски се едни од најискусните играчи на Вардар сезонава, во која тимот се бори да се врати во ПМФЛ.
Пред почетокот на пријателски натпревар со Железничар на кој Вардар и Комити славеа јубилеј, на Мицевски му беше врачен подарок за бројката од над 100 натпревари во дресот на Вардар.