Генерацијата 2008 на ФК Вардар беше дел од меѓународниот младински турнир „Кул Куп“ на кој успеа да го освои сребрениот медал. Во големото финале дури после изведување на удари од белата точка бевме поразени од екипата на Црвена Ѕвезда.
Претходно во 1/4 финалето убедливо ја победивме екипата на Шкендија (3:0), додека во полуфиналето бевме подобри од Војводина (2:1). Погледнете фотографии токму од овие два меча на генерацијата 2008.