Saturday ,21 September 2019
Последни:
Home > Uncategorized > Атлетика: Ветеранот Мартиновски со забележителен настап на Охридскиот маратон
Атлетика: Ветеранот Мартиновски со забележителен настап на Охридскиот маратон

Атлетика: Ветеранот Мартиновски со забележителен настап на Охридскиот маратон

Нашиот атлетичар и сеу ште актуелен рекордер на Македонија во маратон и полумаратон, Трпе Мартиновски (бр.97), овој викенд настапи на 33-то издание на Охридскиот Атлетски Маратон. Истиот беше во должина од 30 километри, и се трчаше од Св.Наум до Охрид.

Со своите 55 години патеката ја измина за 02:22;19, што беше доволно за 26-то место во конкуренција од 93 маратонци, додека во категоријата 50+ години заврши на 1-во место.

Честитки до организаторот и сите учесници на истиот.