Помладите пионери на ФК Вардар со триумф во дербито против Шкендија ја заокружија својата успешна сезона, крунисувајќи ја со трофеј во лигата. Избраниците на Деспотовски во последното коло ја совладаа Шкендија (3:0). Сите голови паднаа во второто полувреме, стрелци на истите беа Филип Ѓорѓиевски, Георг Стојановски и Никола Петковски.
Вардар: Стојковски (c), Марковски, Давков, Стојчевски, Ѓорѓиевски, Трпезановски, Јовановски, Живков, Мирков, Андрески, Тасевски.
Вардар Фанс цела сезона ја пратеше генерација 2003, така беше и на завршниот натпревар, на кој ви донесуваме фотографии од завршната церемонија, на доделување на медалите и трофејот за екипата на Вардар.