Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > ФК Вардар генер.2010 успеа да го мине ФК Талент од Битола на денешниот дуел од завршниот турнир
ФК Вардар генер.2010 успеа да го мине ФК Талент од Битола на денешниот дуел од завршниот турнир

ФК Вардар генер.2010 успеа да го мине ФК Талент од Битола на денешниот дуел од завршниот турнир

Најмладата генерација на ФК Вардар, генерација родени 2010 година денес на терените на ФФМ во 1/8-финалето од Детската лига на завршниот турнир на тимовите од цела земја дојде до победа. Со високи 8-1 бевме подобри од битолскиот тим на ФК Талент.

60496194_2217493654964135_5572546919248429056_n
Отворивме силовито, напаѓавме од самиот почеток на дуелот што донесе рано водство. Стефан Ристиќ погоди низ нозете на голманот на тимот од Битола  за 1-0. Тој играч беше таличен за ривалот и во продолжение. Најпрвин мајсторски од слободен удар погоди за 2-0, потоа и од игра по земја стрелаше за високи 3-0. Со овие 3-0 заминавме на одмор, но имавме дузина прилики за зголемување на водството во првиот период. По две големи шанси имаа Драган Гечев и Чедевски. Последен обид за нас за црвено-црните момчиња во првиот период имаше Илиќ, ние доминиравме во поле и најавиме триумф со одличната игра.

61282750_2217493404964160_4766224692698677248_n
Вториот дел го почнавме онака како што посакуваме веќе во првиот обид Далибор Марковиќ беше најприсебен и погод и за 4-0. Истиот играч имаше уште две големи потоа за да погоди за “петарда“. Денес расположениот Ристиќ Стефан со неговиот четврти погодок зголеми на 5-0. Ривалот се закани, на нашиот гол Чедевски имаше две одлични одбрани, а пота истиот играч кога играше во поле имаше одлична прилика.

60770926_2217493804964120_4380186542438612992_n

Гечев Драган зголемува на високи 6-0, со интелигентен удар кон голот на противникот. Ривалот успеа да намали на 6-1 со еден случаен гол. Сепак ние веднаш вративме, Ристиќ погоди за 7-1, конечните 8-1 ги постигна Далибор Марковиќ по одлична асистенција на Ристиќ. Обиди за гол имаа Илиќ и Марко Јовановски- кој имаше две сериозни шанси во овој период.

60858499_2217493444964156_7714108150944628736_n