Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Шампионската генерација 2007 на ФК Вардар со убедлива победа над Мал Ајакс ја започнаа одбраната на круната
Шампионската генерација 2007 на ФК Вардар со убедлива победа над Мал Ајакс ја започнаа одбраната на круната

Шампионската генерација 2007 на ФК Вардар со убедлива победа над Мал Ајакс ја започнаа одбраната на круната

Шампионската генерација 2007 на ФК Вардар ја започна одбраната на титулата во детската лига со убедлива победа во 1/8финалето. Тимот на Вардар лесно се справи со екипата на ФК Мал Ајакс и со високи 7-0 дојде до пласман во утрешното 1/4-финале.

Дуелот започна со два обида на ривалот, по еден опасен шут Лука Јаневски на нашиот гол имаше одлична интервенција. Тоа беше се што можеа да прикажат противниците потоа започна нашата игра. Најпрвин Борјан Томовски стрелаше одлично и отвори за 1-0, предност која донесе полетност кај нас. Истиот играч потоа имаше прилика, два одлични обиди видовме од Лука Атанасовски и капитенот Алексадар Грашески. Добрата игра во офанзива успеа да ни донесе удвојување на предноста, за 2-0 стрелаше Стефан Младеновски. По вториот погодок ние имавме повеќе од играта во поле, имавме уште три големи шанси за погодок, сепак на пауза заминавме со два гола позитива. Киш Марко во првата шутна крај голот, потоа Стефан Младеновски се обиде сепак голманот на противникот беше присебен. Последна прилика во првиот период за Вардар ја имаше Лука Атанасовски, тој шутна силно со глава над голот по одлично изведен прекин од десната страна.

61251439_614735162372794_1324972044739149824_n
Вториот дел го бранеа двајца голмани кој влегоа во овој период, Пишевски Антонио и Даниел Исајловски. Двајцата како и Јаневски не дозволија нашата мрежа да се затресе, Исајловски имаше и одлична игра со нога во вториот период кога ги разигруваше своите играчи. Брзо ја удвоивме предноста преку Младеновски Стефан и Емир Шаботиќ, со нивните два гола поведовме со високи 4-0. Радевски Златко и Шаботиќ се закануваа, ние напаѓавме постојано. Успеавме со нови два гола да поведеме и со високи 6-0. Добивме пенал, капитенот Александар Грашески беше непогрешлив, со неговиот гол веќе водевме со 7-0. Имавме уште серија шанси, Радевски, Грашески и Шаботиќ ги испробаа своите удари. Сепак триумфот остана со седум гола во мрежата на ривалот, оваа генерација која ја брани титулата од лани покажа дека е одлична, сите линии финкционираат одлично. Голманската тројка, одбраната, средниот ред и одличната офанзива на црвено-црната генерација 2007.