Помладите пионери на фудбалскиот клуб Вардар го добија дербито со екипата на Металург, во заостанатиот натпревар од 20 првентсвено коло. Избраниците на Сашо Јанев имаа водство од 0:2 по првото полувреме и тоа со двта погодоци од скратен корнер на Давид Астарџиев. Во вториот дел, Металург успеа да намали на 1:2, што беше и конечен резултат на овој натпревар. Со овие три бода остануваме во борбата за титулата со екипата на Работнички, кој има еден бод предност на две кола до крајот на сезоната.