Во неделата, ново коло во регионалната-скопска лига одиграа генерациите на ФК Вардар родени 2005 и 2006 година, кои забележаа победи во дуелите со екипата на Форца. Мечеви на кои ние бевме условно како гости, се одиграа на теренот на Академијата.
Генерацијата 2006 стигна и до осмиот последователен триумф сезонава и со максимални 24 освоени бодови остана на лидерското место во лигата. Екипата на Еуроспорт од Куманово и понатаму држи чекор и со исто освени бодови се наоѓаат на втората позиција на табелата, но имаат и натпревар повеќе од црвено-црните. И после ова одиграно коло вардарци не дозволија да примат гол во својата мрежа и сега имаат гол разлика од 42:0.
Генерацијата 2005 се врати на победите во лигата, триумфот против Форца беше вкупно шессти за оваа генерација сезонава. После ова коло, Вардар ја намали негативата во однос на екипата на Кул Здравје која одигра со нерешен резултат во дербито со екипата на Шкендија. Кул е лидер со 25 освоени бодови од 9 одиграни натпревари, додека Вардар е втор со 18 бодови од 7 одиграни меча.