Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Веспрем го чека „пекол”, Вардарци ги „собраа” билетите!!
Веспрем го чека „пекол”, Вардарци ги „собраа” билетите!!

Веспрем го чека „пекол”, Вардарци ги „собраа” билетите!!

Одлично минува првиот ден од регуларната продажба на билети за последниот натпревар оваа календарска година на Вардар во Л.Ш пред своите навивачи.

Откако денеска РК Вардар ги пушти билетите во продажба, не помина ниту еден ден, а во слободна продажба се останати до овој момент уште 798 билети.

Ги повикуваме навивачите на Вардар на купат билети и утре, бидејќи како се одвива продажбата, можеме да очекуваме дека за некој ден и ќе нема билети во слободна продажба.

Уште еднаш потсетуваме дека билети можете да набавите и онлајн во секое време преку  www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден од 10 до 18 часот.

Цената на поединечните билетите за натпреварите со Веспрем се:
* трибина – 350 денари
* А блок – 400 денари