Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров ја намали разликата со Остроушко, руското крило на Вардар се проби на 4. место на листата на најдобри стрелци
Дибиров ја намали разликата со Остроушко, руското крило на Вардар се проби на 4. место на листата на најдобри стрелци

Дибиров ја намали разликата со Остроушко, руското крило на Вардар се проби на 4. место на листата на најдобри стрелци

Тимур Дибиров беше најефикасен играч на натпреварот против Киелце, кој го загубивме на гостински терен. Рускиот репрезентативец постигна вкупно девет голови со кои се искачи пет места погоре на листата на најдобри стрелци во Лигата на Шампионите.

Дибиров го дели 3 и 4.место заедно со Габор Часар од Кадетен Шафхаузен, со кој имаат постигнато по 46 голови. Првото место и после ова коло е за Владислав Остроушко кој настапува за екипата на Еурофарм Работник и кој има 53 погодоци. Со тоа е намалена и разликата меѓу Остроушко и Дибиров кој во минатото коло изнесуваше десет голови. Второто место му припаѓа на Емил Јакобсен од екипата на ГОГ кој има постигнато 52 голови.