28 август 1963 година во Скопје, првиот натпревар и првиот радио пренос по катастрофалниот земјотрес, фудбалскиот клуб Вардар натапи во Скопје, прво коло од 18 сезона на првата сојузна лига на Југославија или сезона 1963/1964.
Само еден месец после земјотресот Вардар настапи на Градскиот стадион во Скопје, стадионот го реновираше Загрепска оператива и ние едвај успеавме да извлечеме линии. Играчите на терен излегоа со траорни ленти и повеќе се слушаше плачење бидејќи недостасуваа многумина што загинаа, а меѓу нив беше и еден стар техничар од Радио Скопје кој загина откако се врати да и земе играчка на ќерката. Динамо го сместија во хотел во Куманово, а Вардар во Тетово“, вели Ивко Панговскси во едно интервју за офф.не.мк. На тој ден беше незаборавен и најтежок пренос кој го вршел доајенот на радио репортерството, Ивко Панговски.
На фотографиите дел од автомобилите и точаците пред стадионот, дел од весник и преносот на Ивко Панговски на Градскиот стадион.
Ладо Јакше, меѓународен фудбалски судија од Љубљана:
„Градот на Вардар беше за мене голем предизвик. Се воодушевував од неговите убавини. Тешкиот земјотрес во 1963 година го разурна градот. Уште во урнатини, само неколку недели по катастрофата, дојдов да го судам првиот натпревар по земјотресот меѓу Вардар и Динамо од Загреб. Уште луѓето живееа на улици, по шатори, но масовно дојдоа на натпреварот, кој покажа дека Скопје е живо и дека Вардар продолжува да ја пишува својата богата историја. Кога по неколку години пак дојдов во Скопје, солзи радосници ми надојдоа. Ги снема урнатините, изникна нов убав град, а фудбалскиот клуб Вардар брзо чекореше кон врвот.“