Денес на теренот на Локомотива со тренизи стартуваа младите екипи на ФК Вардар кои во новата натпреварувачка сезона ќе се натпреваруваат во младинската Супер Лига.
Во присуство на директорот на школата, Борче Христов, денес се одржа првиот собир на младинската школа. Засега потврдени тренери се Саше Божиноски (кадети), Марјан Герасимовски (пионери) и Сашо Тодоровски (помлади пионери). Во наредниов период треба да биде познат и тренерот кој ќе ги предводи младинците. Слободан Мутибариќ ќе биде еден од тренерите кој ќе работи со голманите во школата.
Се очекува во наредниве денови сите екипи да бидат играчки комплетирани и да се работи напорно во пресрет на новата сезона. Во продолжение погледнете фотографии од првиот тренинг на младинските екипи на ФК Вардар.