Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Преглед СП: Вардарки со дури 35% голови во групата, Бојана Коцева со најмногу погодоци, Борјана со МВП признание
Преглед СП: Вардарки со дури 35% голови во групата, Бојана Коцева со најмногу погодоци, Борјана со МВП признание

Преглед СП: Вардарки со дури 35% голови во групата, Бојана Коцева со најмногу погодоци, Борјана со МВП признание

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија вчера го одигра последниот дуел во групата-Б, во истиот го совладавме  Иран. Ние победивме  со резултат 31-19, со тоа  нашата селекција   си ја обезбеди првата позиција во групата на Светското првенство во Скопје, мина во главната фаза и пренесе 2.бода. Во оваа селекција играат четири вардарки, тие имаат голем удел во овој успех, во продолжение истиот ќе го погледнеме низ бројки.

l3

Вардарки постигнаа до сега 35.гола за мак.селекцијата, од вкупните 102 кои ги имаме во групната фаза.  Односно околу 35% од погодоците досега се дел на црвено-црните девојки,  што покажува колкав е голем уделот на вардарки во селекцијата. На мечот со Сенегал и Узбекистан имавме по 14.гола на вардарки, на вчерашниот дуел со исламската република Иран вардарки впишаа 7.гола.  Исти удел имаме и кај МВП признанијата имаме едно од три (33%), на мечот со Сенегал, Борјана Коцева дојде до тоа признанието по блескавата партија во која погоди 5/5 пати во голот на африканската селекција.

l8 l

Бојана Коцева е прв стрелец на селекцијата од нашите девојки таа има 17 гола или неверојатни постигнати 5,70 голови по одигран дуел, нејзината близначка постигнува во просек 4.гола по одигран дуел, односно има 12.гола досега. Стефаноска Сара и Равојска Јана исто така имаат погодоци, вака изгледа листата на стрелци на нашите девојки:

ggggg

-Бојана Коцева 17.гола

-Борјана Коцева  12.гола

-Сара Стефаноска 4.гола

-Јана Равојска 2.гола