Saturday ,01 October 2022
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > СЕХА: Задар трет пат домаќин на Ф4
СЕХА: Задар трет пат домаќин на Ф4

СЕХА: Задар трет пат домаќин на Ф4

Хрватскиот град Задар и спортскиот центар „Вишник“ третпат по ред ќе бидат организатори на завршниот турнир во регионалната СЕХА лига.

Од 2 до 4 септември, Задар ќе биде домаќин на најдобрите четири екипи во СЕХА, а во конкуренција за Ф4 се и македонските претставници Вардар и Еурофарм Пелистер.

Од СЕХА најавија дека наскоро ќе бидат пуштени во продажба билетите и дека нема да има ограничувања на капацитетот.

Полуфиналните средби ќе се играат в петок на 2 септември, додека на 4 септември ќе се играат мечот за трето место и финалето.

Доколку ги минат Нексе Нашице, односно Мешков Брест, Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се разминат во евентуалното полуфинале.

„Црвено-црните“ би се соочиле со победникот од дуелот меѓу Војводина и Загреб, додека битолчани би играле со подоброиот од двобојот меѓу Татран и Веспрем.

СЕХА лига, четвртфинале:

Татран Прешов – Веспрем 14/8, 19:45
Вардар – Нексе, 23/8, 20:15
Војводина – Загреб, 17/8, 16:00
Еурофарм Пелистер – Мешков Брест, 25/8, 20:15

СЕХА лига, Ф4:

Вардар/Нексе – Војводина/Загреб, 2/9
Татран Прешов/Веспрем – Еурофарм Пелистер/Мешков Брест, 2/9