Вчера, кадетската ракометна репрезентација на Македонија одигра големо реми против Шведска 20-20 (12-10), во рамките на првото коло во главната фаза на Светското првенство. Двата тима имаа свои моменти и се менуваа во водството, во последната минута ривалот водеше со 19-20, ние имавме напад во кој успеавме на неколку секунди да погодиме за значајно реми.
Сите математики се отворени и за пласман во четвртфиналето може да одлучува дури и гол-разликата. Македонија во последното коло игра со фаворитот Исланд, додека Шведска оди на мегдан со Иран. Потребен е уште еден бод за да се обезбеди место во следната фаза, додека и при пораз со Исланѓанките постои шанса.
Од вардарки имавме две девојки кои беа стрелци, Борјана Коцева постигна два гола, еден погодок беше дело на Бојана Коцева.