Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ФОТО) Вардар осамен на врвот, разликата со Шкендија порасна на 3+
(ФОТО) Вардар осамен на врвот, разликата со Шкендија порасна на 3+

(ФОТО) Вардар осамен на врвот, разликата со Шкендија порасна на 3+

Вчера на терените во нашата република се одигра 14-тото коло од првата фудбалска лига. По истото најголем добитник е нашиот црвено – црн шампион. Вардар победи дома со Брегалница со пресврт, а конкурентот од Тетово екипата на Шкендија одигра нерешено со што Вардар ја зголеми предноста од 1 на 3 бода на врвот од табелата во најсилната фудбалска лига во земјава.

Три бода предност во нашата лига годинава со ваков распоред на силите и “концетрацијата“ на бодовите кај Вардар и Шкендија е повеќе од задоволителна разлика за нашиот шампион. Момците предводени од Гоце Седлоски докрај на полусезоната имаат уште четири лигашки дуели, со победи на истите ќе   можат да ја прославата “есенската титула“. Мечевите кој не очекуваат до крајот се следниве :

  • 22.11.2015/13:00ХОРИЗОНТ Т. : ФК ВАРДАР
  • 29.11.2015/13:00 ФК ВАРДАР : РЕНОВА
  • 6.12.2015/13:00 РАБОТНИЧКИ : ФК ВАРДАР
  • 9.12.2015/13:00 ФК ВАРДАР : СИЛЕКС