Sunday ,16 June 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ВИДЕО) Вардар – Брегалница 3-1 (1-0)
(ВИДЕО) Вардар – Брегалница 3-1 (1-0)

(ВИДЕО) Вардар – Брегалница 3-1 (1-0)

Црвено – црните имаат успешен викенд зад себе, со победата над штипска Брегалница и “киксот“ на единствениот конкурент Шкендија вардарци се зацвртија на врвот на табелата во Првата фудбалса лига. Вчера нашите момци победија со резултат 3-1 (1-1). Стрелци за таборот предводен од Седловски беа : Ивановски во 27 минута за 1-1 , пресврт со гол од слободен удар носи  Хамбарџумјан во 79 минута за 2-1, а Блажевски  ја потврдува победата од пенал во 86 минута од мечот.

Следен предизвик за нашите момчиња е  гостинскиот меч со тимот на Хоризонт Турново на 22/11/2015. Денес за Вардар настапија : Пачовски, Попов, Мијушковиќ, Грнчаров, Блажевски /од 86. минута Спировски /, Глигоров, Хамбарџумјан, Николов /од 61.минута  Стојков/, Ивановски, Ромеро / од 75.минута П. Петковски /,Фелипе . Видето од овој прволигашки дуел ќе може да го погледнете -ТУКА