Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Фк Вардар генер. “2002“ и “2003“ го заокружија победничкото 6 коло во детската лига
Фк Вардар генер. “2002“ и “2003“ го заокружија победничкото 6 коло во детската лига

Фк Вардар генер. “2002“ и “2003“ го заокружија победничкото 6 коло во детската лига

Шестото коло во детската лига беше успешно за сите генерации на фудбалскиот клуб Вардар, кои се натпреваруваат во ова лига. Победи славеа и генерациите родени “2002“ и “2003“ година, кои настапија со по една екипа.

Фк Вардар генерација “2002“ немаше некои поголеми проблеми во дуелот против екипата на Скупи. За тоа се погрижи голгетерот Дарко Димитров кој постигна четири гола на воој дуел, наспроти противникот кој не успеаа ниту еднаш да ја застресе нашата мрежа. Конечниот резултат гласеше 5:0, кој беше актуелен и во првиот дел. Едно полувреме се игра по 30 минути. Уште еден погодок беше дело на Леонид Игнатов.

Нивните колеги од Фк Вардар генерација “2003“ славеа уште поубедливо во ова коло на детската лига. Екипата на Еуроспорт од Куманово не беше ниту од блиску рамноправен противник. Избраниците на Ане Андоновски речиси го прегазија противникот со убедливи 13:0. Благоја Јаневски постигна хет-трик. По два гола дадоа Алесандро Прелоговски, Иван Пашариковски и Марио Петрушевски. Во листата на стрелци се запишаа уште Петре Тасевски, Дамјан Марковски, Дамјан Ќосевски и авто гол на противникот.

Сите натпревари се играат на терените на фудбалската федерација на Македонија. Следниот викенд продолжуваат мечевите од 7 коло во лигата.