Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на Фк Вардар победнички против Ренова
Младинците на Фк Вардар победнички против Ренова

Младинците на Фк Вардар победнички против Ренова

Младинците на Фк Вардар се вратија на победите во првенството, откако денес на теренот на локомотива, беа подобри од екипата на Ренова. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 2:1. Ердон Даци и Андреј Ричков беа најзаслужни за новите три бода на црвено-црните.

Нашите младинци одиграа одлично прво полувреме, кое на крај се покажа како пресудно за конечниот победник. Двата погодоци беа токму во овој дел од мечот, кога Ренова речиси да не направи ништо поопасно кон нашиот гол. Првата полу-прилика и опасност кон противничкиот гол ја направија Димков и Даци кои успешно проиграа, но ништо посериозно за погодок.

Сепак на првиот гол не се чекаше долго време, се играше некаде 15 минута, кога при една акција на Вардар, најпрво биеше Теодор Димитровски кој голманот само ја одби. На неа налета Даци и успешно ја смести топката во мрежата на Ренова, за водство од 1:0. Само две минути подоца, гостинот имаше добра можност да израмни, но чуварот на мрежата на црвено-црните, Филип Трајчевски не дозволи такво нешто. Ударот беше некаде од 20 метри, силно по земја, но Трајчевски со крајни напори исфрла во корнер. Ние продолживме да ја играме нашата игра и да го напаѓаме голот на противникот. При еден скратен корнер од слободен удар, беше упатена топка во противничкиот простор, најумешно се снајде Ричков кој прецизно стрелаше за водство од 2:0. До крајот на првото полувреме, беше поништен гол на Апостоловски, поради направен прекршок. Така на одмор се замина со резултат 2:0.

На почетокот на вториот дел, по само пет минути игра гостинскиот тим успеаа да намали на 2:1, што на крај се покажа како конечен на овој меч. Црвено-црните паднаа малку во вториот дел, Ренова беше тимот кој диктираше темпо. Најдобрите шанси во овој дел од играта ги имаа Беќири и Апостоловски, кои шутираа над противничкиот гол. До крајот на мечот не се случи нешто посериозно и резултатот остана непромеменет. Димков ја напушти играта поради мала повреда, на негово место во игра влезе Александар Трифунов. Следен предизвик за младинците е куп дуелот против Шкупи. Натпреварот ќе се одигра среда или четврток, на истиов терен.

Фк Вардар: Трајчевски, Ричков, Исмаил, Личина, Чукалевски, Димитровски, Додевски, Беќири, Димков, Даци.