Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ова е вистински ЖРК Вардар! Победа во Данска
Ова е вистински ЖРК Вардар! Победа во Данска

Ова е вистински ЖРК Вардар! Победа во Данска

Ова е вистинската игра која сака да ја гледа Македонската публика! убедлива игра, и победа и во Данска за избраничките на Инди  и Питлик. Нашите девојки се чини влегоа во посакуваниот ритам, и почнаа да ги ”мелат” своите противници. Трета убедлива победа за ЖРК Вардар во низа, овој пат во Данска против истиот противник од минатата недела, тимот на Митјиланд. Нашите девојки ја надминаа предноста од Скопје, па денеска славеа со +10, и тоа на гости. Несомнено, Инди и Питлик ја анализирале играта на сандинавките 100%. Натпреварот започна гол за гол, на полувреме нашиот тим отиде со +1, речиси сите ракометарки во првиот дел, дадоа свој придонес кон патот до победата, како во одбраната така и во нападот.

Во вториот дел, видовме еден убедлив, амбициозен, мотивиран ЖРК Вардар. Нашите девојки фуриозно го отворија вториот дел. Леино не беше совладана повеќе од 14 минути во вториот дел, а во нападот Вардарки само си ја зголемуваа предноста, за на крај да дојде на +10 15:25, и како конечен резултат денеска. Несомнено, во следната фаза пренесуваме 4 бода сигурно.

Фото: zrkvardar.mk