Помладите пионери ја забележаа вкупно деветата последователна победа во првенството. Ниту екипата на Ренова не успеаа да застане на патот на нашите млади надежи. Во еден тежок натпревар, во кој ја имавме контролата на игра, црвено-црните остварија минимален триумф од 0:1. По првото полувреме резултатот беше оној почетниот 0:0. Стрелец на единствениот погодок беше Виктор Петкоски. Со оваа победа само се зацврстуваме на првото место на табелата, откако уште во минатото коло ја заверивме есенската титула. Тие се нашата најуспешна Вардарова генерација, која во дебитантската сезона прикажува одлични игри и резултати. Стрелецот на единствениот гол Виктор Петкоски за нашиот сајт го изјави следново:
-Целиот тим одигра добро. Во првото полувреме не успеавме да постигнеме погодок, но затоа тоа го сторивме во вториот дел. Од својот придонес сум многу задоволен и среќен сум што мојот погодок беше решавачки за победата.
Последниот меч од есенскиот дел ќе се одигра следниот викенд, по што следува пауза во лигата. На домашен терен ќе ја пречекаме екипата на Милано од Куманово.
Ни останува уште еден меч до крајот на есенскиот дел на домашен терен против тимот на Милано. Се надевам дека и тој меч ќе го завршиме во наша корист, изјави Виктор Петкоски за Вардар фанс.
Звонко Ивановски