Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > (ФОТО) ТАБЕЛИ !! Без промени на врвот во пионерските фудбалски лиги
(ФОТО) ТАБЕЛИ !! Без промени на врвот во пионерските фудбалски лиги

(ФОТО) ТАБЕЛИ !! Без промени на врвот во пионерските фудбалски лиги

Пионерските екипи на фудбалскиот клуб Вардар имаа успешно 10.коло во младинските лиги, освојувајќи три бодови во дуелите со екипата на Победа од Прилеп.

Помладите пионери немаа проблеми во дуелот со Победа и славеа убедливо со резултат 6:0. Ова беше седми триумф сезонава за избраниците на Рап-Тап кои се уште немаат пораз, а имаат и три нерешени резултатски. Со вкупно 24 бодови, нашите млади надежи се наоѓаат на првото место на табелата пред екипата на Работнички, која има само еден бод помалку. Во ова коло, Работнички славеше на домашен терен против екипата на Пелистер (2:1), а минатата недела го одиграа одложеното коло против екипата на Победа, дуелот кој се одигра во Прилеп заврши со нерешен резултат, па вардарци го превзедоа врвот на табелата од градскиот ривал. На третото место се наоѓа Шкендија која има 20 бодови, но и натпревар помалку за одигрување.

2004

Пионерите се брзо се „рехабилитираа„ од домашниот пораз против А.Пандев, па во ова коло ја совладаа екипата на Победа, со резултат 3:0. Ова беше осма победа за момците на Драган Стефановски-Гаге, со која останаа на второто место на табелата, зад екипата на А.Пандев која славеше во ова коло, со што го задржаа лидерското место во пионерската супер лига, со само еден бод предност пред црвено-црните.

2003

Во следното 11.коло, пионерските екипи гостуваат во Тетово, на екипата на Шкендија.