Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Преглед на 8.коло во најсилната група Б, Вардар после поразот од Киелце падна на 5.место, Кил останува лидер
Преглед на 8.коло во најсилната група Б, Вардар после поразот од Киелце падна на 5.место, Кил останува лидер

Преглед на 8.коло во најсилната група Б, Вардар после поразот од Киелце падна на 5.место, Кил останува лидер

Победи за Кил, Киелце, Веспрем и Монпелје во 8.коло на најсилната група Б од Лигата на Шампионите.

Колото го отворија екипите на Порто и Кил, а поуспешни беа „зебрите“ кои славеа триумф со резултат 29:30. Порто повторно имаше можност по втор пат за само неколку дена д го совлада тимот од бундеслигата, но на пет минути пред крајот испушти позитива од два гола, период во кој не успеаа да постигнат ниту еден гол, напротив Кил кој три пати ја тресеше нивната мрежа, кој на крајот беше доволен за победа.

Вардар доживеа висок пораз на гостувањето кај екипата на Киелце (35:25), со што продолжи лошата традиција на гостувањата кај овој противник, терен на кој Вардар не успеал никогаш да победи. Шампионот на Полска имаше предност во текот на целиот меч, на моменти Вардар се закануваше сериозно, но на крајот мораше да се помири со пораз. Извештај од дуелот можете да прочитате на линкот, ТУКА.

Веспрем стигна и до втората победа во дуелите со екипата на Брест Мешков (31:25), овој пат на домашен терен. Веспрем имаше предност во текот на целиот натпревар, но на полувреме резултатот беше израмнет 14:14. Иако во неколку наврати избраниите на Дејвис имаа водство и од три гола, така беше во последните пет минути од првиот дел, кога резултатот на семафорот стоеше 13:10, сепак белорусите со серија на погодоци се изборија за нерешен резултат на полувреме.  Сепак Веспрем е поквалитетен тим и по само неколку минути во вториот дел поведоа со највисоки четири голови разлика, а како одминуваше мечот, истата ја зголемија, за на крајот да слават триумф со шест голови позитива.

Колото го затворија екипите на Монпелје и Мотор Запорожје, дуел на кој поуспешен беше тимот на Монпелје. На натпревар со многу голови на крајот славеше домашниот тим (34:30), за втор последователен триумф во дуелите со шампионот на Украина. Монпелје имаше предност и контрола на резултатот во текот на целиот меч, иако Мотор на полувреме имаше само еден гол негатива (16:15). Монпелје во еден момент имаше водство и од шест голови, но гостинскиот тим до истекот на првите 30 минути се избори за достижна негатива.

На стартот од вториот дел, екипата на Мотор успеа да го израмни резултатот, но немаа сили и за резултатски пресврт. Избраниците на Канаје направија серија на погодоци и поведоа со четири голови разлика и до крајот истатаја задржаа, за вкупно петта победа сезонава.

После ова одиграно коло, Вардар падна на 5.место на табелата, додека Кил остана лидер во групата:

1. Кил  13

2. Монпелје  11

3. Веспрем 10

4. Киелце  10

5. Вардар 9

6. Порто  8

7. Брест Мешков  2

8. Мотор Запорожје 1