Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ИСТОРИСКО ТРЕТО МЕСТО за Македонија, Аврамовски одигра десетина минути
ИСТОРИСКО ТРЕТО МЕСТО за Македонија, Аврамовски одигра десетина минути

ИСТОРИСКО ТРЕТО МЕСТО за Македонија, Аврамовски одигра десетина минути

Фудбалската репрезентација на Македонија со победа го заврши квалификацискиот циклус за Европското првенство (ЕП) во 2020 година и на домашен терен славеше над Израел (1-0), што беше прв триумф над овој ривал во Скопје, а втор во историјата. Со оваа победа и поразот на Словенија кај Полска, Македонија го обезбеди историското трето место.

Натпреварот започна со доминација на Македонија, Барди и Елмас имаа супер шанси да го отворат резултатот по само неколку минути, но изостана реализација. Сепак, Македонија на пауза замина со предност. Во судиското надополнување екс вардарецот, Бобан Николов стрелаше прецизно за 1:0.

Во вториот дел Македонија го сочува резултатот и запиша историска победа. Да напоменеме дека дел од оваа победа беше и најдобриот стрелец во ПМФЛ, Даниел Аврамовски, кој во игра влезе во 79. минута и го запиша својот втор настап за „А” селекцијата.

Тошевски и Младеновски не добија шанса на овој дуел.