Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Македонската селекција до 19 години обезбеди пласман во елитната фаза квалификации за ЕП
Македонската селекција до 19 години обезбеди пласман во елитната фаза квалификации за ЕП

Македонската селекција до 19 години обезбеди пласман во елитната фаза квалификации за ЕП

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години обезбеди пласман во Елитната фаза квалификации за Европско првенство. Денес на тренинг центарот „Петар Милошевски“, Македонија во последното коло убедливо ја совлада селекцијата на Луксембург (3:0) и поради подобрата гол разлика го освои второто место во групата.

Како првопласирана заврши селекцијата на Англија која им заврши работа на Македонија, после убедливиот триумф против селекцијата на БИХ (4:1). На денешниот последен дуел во стартниот состав на селекторот Горан Станиќ се најдоа и тројца играчи на Вардар, кои ги одиграа сите 90 минути. Се работи за голманот Матеј Андов, потоа Александар Ѓурковски и Бојан Димовски.

mkd-19-1

Во овие квалификации, Македонија одигра три меча, оствари по една победа, нерешен резултат и пораз.