Екипата на ФК Вардар (1) од генерацијата родени “2006“ година, викендов го одиграа последното есенско коло во детската лига. Тие за противник ја имаа екипата на Форца, која ја совладаа со резултат 4:1. На овој начин тие го совоија првото место на табелата со максимален број на освоени бодови. Дарко Сековски постигна хет-трик во триумфот со Форца, додека еден гол беше дело на Марко Николовски.
Погледнете ја фотогалеријата од овој натпревар: