По повод 13-ти ноември денот на ослободување на град Скопје, се доделуваа награди на најдобрите спортисти, тренери, екипи и спортски работници. Ракометниот клуб Вардар доби признание за најдобра машка екипа во 2016 година. Црвен0-црните ја одбранија двојната круна во домашните натпреварувања, играа во финалето на сеха-лигата и трета година по ред се пласираа во најдобрите осум екипи во Европа. Наградата ја прими заменик директорот на РК Вардар, Билјана Црвенковска.
Меѓу годинешните добитници се и фудбалските легенди Мето Спасовски и Мирко Илиевски – награда за животно дело, маратонецот Томи Стефановски за најдобар спортист, како и карате-тренерот на „Макпетрол” Бошко Заборски, интернационалната ракометна судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, спортската редакција на МТВ, професорот по физичко образование во ОУ „Гоце Делчев” општина Илинден Благоја Митровски, спонзорот на ЖКК „Бадел” Љупчо Павловски и претседателката на Виз-ер скопскиот маратон Тања Пендалевска.