Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Јана Донева: Многу сум задоволна од нашата игра и ниту во еден момент немавме проблем со нападот и одбраната
Јана Донева: Многу сум задоволна од нашата игра и ниту во еден момент немавме проблем со нападот и одбраната

Јана Донева: Многу сум задоволна од нашата игра и ниту во еден момент немавме проблем со нападот и одбраната

Претстојниов викенд продолжија натпреварите за младинските екипи на ракометниот клуб Вардар. Настап имаа пионерките на Вардар кои гостуваа во Прилеп, на екипата на РК Макалоски. Нашите млади надежи без поголеми проблеми славеа убедлива победа со резултат 9:26. Уште по првото полувреме го најавивме триумфот, кога на полувреме имавме двоцифрена предност од 5:15. На тој начин останавме на првото место на табелата и по одигрување на ова коло.Во нашиот состав на овој меч најмногу се истакнаа Јана Донева и Андреа Седлоска, кои постигнаа по 4 голови.

-Нaтпревaрoт пoминa пoдoбрo oд oчекувaнoтo. Гoлемaтa рaзликa вo гoлoви се дoлжеше нa дoбрaтa игрa. Мнoгу сум зaдoвoлнa oд нaшaтa игрa и ниту во еден момент немaвме прoблем сo нaпaдoт и oдбрaнaтa. Резултaтoт е oдличен и сите мнoгу сме зaдoвoлни. Зa дoсегa oдигрaните три кoлa мoжaм дa кaжaм декa сум мнoгу зaдoвoлнa и мнoгу блaгoдaрнa нa нaшиoт тренерски тандем Дрaгaнa Ристова и Билјана Пецевска кoи не пoдржувaат дo пoследнaтa минутa. Дo крaјoт нa сезoнaтa oчекувaм дa зaвршиме сo сите пoбеди бидејќи ние сме Вaрдaр и игрaме сo срце, изјави Јана Донева за нашиот сајт.

Звонко Ивановски