Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЈУНИОР ЛИГА: Кузман подобар од Будимир кај дамите, К.Вода го совлада Шампион кај момците во генер.2000/01
ЈУНИОР ЛИГА: Кузман подобар од Будимир кај дамите, К.Вода го совлада Шампион кај момците во генер.2000/01

ЈУНИОР ЛИГА: Кузман подобар од Будимир кај дамите, К.Вода го совлада Шампион кај момците во генер.2000/01

kuzman

Девојките на РК Кузман Вардар по триумфот

Изминатиов викенд беа активни натпреварите од третото коло во ракометната “Јуниор“ лига и тоа во неколку различни градови. На Кале беа одиграни два натпревари кај генерацијата родени 2000/01 во машка и женска конкуренција.

buf3

Во женскиот дел, екипата на РК Кузман беше подобра од РК Будимир со резултат 8:3. РК Кузман имаше одличен старт на мечот каде поведе со 0:3, но екипата на Кузман врати со два последователни голови, па на одмор се замина со резултат 2:3. Второто полувреме започна слично како и првото со два гола на РК Кузман, кој повторно ги врќа највисоките три голови разлика 2:5. РК Будимир за момент го намали резултатот но следува серија на К Кузман од 0:3. Конечниот резултат гласеше 3:8.

buf2

Кај момците во истата генерација Опш.Кисела Вода беше поуспешен тим од РК Шампион со 21-15.  На овој дуел поведе  Шампион со 0-1 по што со серија 5-1 момците од Кисела Вода го преземаа водството и повоедоа со 5-2.  До крајот на првиот дел се играше гол за гол двата тима постигнаа по пет гола, предноста остана иста и со 10-7 се замина на одмор. Во вториот дел се играше постојано со иста предност се до 14-11, по што следуваше серија  5-1 за Кисела Вода со која поведоа со 19-12. Истата беше пресудна за конечнито исход, тие победоја со 21-15.