Генерацијата на фудбалскиот клуб Вардар родени “2003“ година ја забележаа и петтата победа од исто толку одиграни натпревари во регионалната лига. Нашите млади надежи на академијата беа домаќини на екипата на Шкупи, која ја победија убедливо со резултат 3:0. Сите погодоци беа постигнати во вториот дел, а беа дело наАлек Сељанац, Петар Давидовски и Филип Ѓоргоски.
Погледнете ја фотогалеријата од овој натпревар.