Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Гачевски 270 минути без примен погодок!!
Гачевски 270 минути без примен погодок!!

Гачевски 270 минути без примен погодок!!

Најдобриот голман во Првата македонска фудбалска лига и капитен на ФК Вардар, Филип Гачевски, влегува во онаа посакувана форма која го красеше минатата сезона.

Популарниот Гача е во серија од 270 минути без примен погодок. Серијата капитенот ја започна во Велес против Борец, а „чисти мрежи” имаше и на минатите два натпревари против Работнички во Скопје и против Ренова во Тетово. Посебно за одбележување се интервенциите во Тетово, односно онаа во 90-тата минута, кога спаси чист погодок на противникот.

Серијата без примен погодок нашиот голман може да ја продолжи следниот викенд (14 септември), пред своите навивачи, кога во Скопје на Градски гостува екипата на Струга Трим Лум.