Изминатиов период две младински фудбалски репрезентации на Македонија играат контролни натпревари.
Селекцијата на Македонија до 19 години се наоѓа во Благоевград, каде вчера го одигра првиот пријателски дуел против репрезентацијата на Бугарија. Истиот го добивме во своја корист со резултат 2:1. Во стартниот состав на овој меч беа Матеј Андов, Александар Ѓурковски, Бојан Димовски и Џемал Ибиши.
Контролен натпревар, но во Скопје, одигра и репрезентацијата до 17 години, која ремизираше во првиот меч против соодветната репрезентација на Унгарија. Иако Македонија имаше предност од 2:0, до крајот на дуелот, Унгарија успеа да го израмни резултатот на 2:2. Во првите 11 на овој меч се најдоа и двајца играчи од Вардар. Се работи за Абдулах Хасани и Андреј Стојчевски, додека во игра влегоа уште и Филип Ѓоргоски и Грегори Давков.
Двете репрезентации ќе одиграат уште по една средба со истите противници, и тоа на 5. септември, 2019 г.