Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > “Генералка” против ЖРК Кузман за вардарки
“Генералка” против ЖРК Кузман за вардарки

“Генералка” против ЖРК Кузман за вардарки

Женскиот клуб Вардар викендов ќе ја одигра генералката пред почетокот на новата сезона 2019/2020. Противник во последниот дуел пред Супер лигага ни е тимот на ЖРК Кузман Вардар од населбата Илинден.

За црвено-црните девојки ова е втора контрола пред почетокот на суперлигашката сезона која започнува идниот викенд. Во прелиминарниот меч оваа сезона играме со ЖРК Спартак, дуелот кој се игра на гости. На првиот тест-меч избраничките на Ристова и Црвенковска го совладаат токму тимот на Спартак со резултат 33-21.

Контролката против избраничките на Александра Кузмановска е закажана за во сабота, 7-ми септември. Натпреварот против новиот суперлигаш ќе се одигра во СЦ “Јане Сандански” со почеток од 12.00 часот.