Вардар и Шкендија одиграа со резултат 2:2 на првиот осмина-финален меч од Купот на Македонија. На градскиот стадион во Скопје, Вардар иако губеше со 0:2 после првото полувреме, во вторите 45 минути успеа да постигне два гола и да го израмни резултатот. Можевме и до победа, откако пропуштивме неколку шанси, а Шкендија се спаси од нашите налети.
После завршување на мечот, на својот фб профил се огласи капитенот и голман на Вардар, Филип Гачевски, кој го напиша следново:
„Е, ова е вистинскиот Вардар, момци со карактер. Секоја чест момци, газиме, и уште појако ќе газиме. Ние сме семејство кое дише еден за друг“