Sunday ,13 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Џатевска денес дебитира за сениорската селекција, Симовски ја стави во составот за мечот со Шведска
Џатевска денес дебитира за сениорската селекција, Симовски ја стави во составот за мечот со Шведска

Џатевска денес дебитира за сениорската селекција, Симовски ја стави во составот за мечот со Шведска

А- репрезентација на Македонија  во женска конкуренција денеска ги започнува квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година. Контитенталниот собир   ќе се одржи во Данска и Норвешка.

Селекторот,  Симе Симовски направи рез во списокот на кој нема неколку искусни интернационалки, а на нивно место има ракометарки од кадетската и младинската репрезентација. Денес против  Шведска, во сениорска конкуренција ќе дебитираа пикерот на Вардар, секогаш борбената  Ивана Џатевска. Таа ова лето играше за кадетската и младинската селекција, нејзините добри игри и донесоа место во А-селекциите.

Натпреварот започнува од 19:00 часот по македонско време.