Thursday ,09 December 2021
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гедбан ќе настапи во Запорожје, овој пат доби виза
Гедбан  ќе настапи во Запорожје,  овој пат доби виза

Гедбан ќе настапи во Запорожје, овој пат доби виза

Eвропскиот првак повторно ќе биде гостин на екипата на  Мотор Запорожје. Ова е второ гостување овој месец, на првото бевме поразени во дуел од СЕХА лигата, овој пат  не очекува средба од ЕХФ Лигата на шампионите. Овој дуел Вардар ќе го дочека комплетен, алжирецот на нашиот гол, Калифа Гебдан  кој на првиот меч поради проблеми со визата не настапи, сега доби виза од Украјна.

Вардар во овој дуел од 3.коло ќе се обиде да дојде до треттата победа, мечот се игра во  недела од 18-00 часот во Запорожје. Кугис имаше добар меч со Порто, она што радува е дека Гебдан имаше фантастична партија  со  15 одбрани во натпреварот против Нексе, во СЕХА-лигата.