Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Гачевски: Во Скопје моментално е +8, а во Тетово -8, ќе мора да набават што повеќе дрва
Гачевски: Во Скопје моментално е +8, а во Тетово -8, ќе мора да набават што повеќе дрва

Гачевски: Во Скопје моментално е +8, а во Тетово -8, ќе мора да набават што повеќе дрва

Вардар презимува на првата позиција на табелата со комотна предност од плус осум пред Шкендија. Иако Вардар денеска можеше и да победи, сепак, капитенот и целиот тим се презадоволни не само од денешната игра, туку и од целата есенска полусезона каде го имаат најдобриот стрелец и најдобрата одбрана во лигата.

Гачевски по натпреварот, на својот Фејсбук профил напиша:

„Иако многу не веруваа во нас од самиот почеток, ние верувавме, веруваа нашите навивачи и луѓето кои го водат клубот. Во Скопје моментално е +8, а во Тетово -8, ќе мора да набават што повеќе дрва, зимава да не им е ладно. Комити и Војводи засекогаш браќа, Вардар е светост, Вардар е гордост, Вардар е Македонија“, напиша Гачевски.