Во конкуренција на осум екипи, генерацијата 2010 на ФК Вардар успеа да го освои второто место на меѓународниот турнир во Грција „Пефкохори Куп 2019“. Во големото финале нашите млади надежи предводени од Колев беа поразени од екипата на Академија Пандев со резултат 5:3.
Претходно во групната фаза успеавме да ги добиеме сите три натпревари и како првопласирани да играме во големото финале. Во последното коло од групата, со минимален резултат од 1:0 го победивме тимот на Јанг Тим од Струга и тоа со авто гол на противникот.
Што се однесува до финалниот меч, стрелци на головите за Вардар беа Стефан Ристиќ кој постигна два гола, додека во листата на стрелци се запиша и Дарио Илиќ.