Генерацијата 2005 на ФК Вардар остана како последна во нашиот преглед што се однесува до статистиката на постигнати и примени голови. Оваа екипа која ја предводи Зоран Петковски пред да се случи прекинот во младинските лиги го држи првото место на табелата. Вардарци имаат 39 бодови, додека на второто место е екипата на Кул со 35 бода и натпревар помалку за одигрување.
Кога сме кај бројот на постигнати голови, нашите млади надежи се на врвот и во овој статистички поглед. Имаме постигнато вкупно 64 погодоци или два повеќе од екипата на Кул, од која имаме и натпревар повеќе. Интересно е тоа што, оваа генерација на Вардар поголем број од головите ги постигнуваме во втората половина од натпреварите, каде имаат вкупно 40 погодоци, додека во првиот дел имаат постигнато многу помалку, или вкупно 24 голови. Најголем број на голови, или вкупно 15 сме постигнале во интервалот од 71-80 минута, додека во последните десет минути од дуелот интересно немаме ниту еден погодок во противничките мрежи. Од 61-70 минута сме постигнале 12 голови. Следните погодоци се во периодите од 51-60 минута (9), потоа 11-20 минута (8), 21-30 минута (7), 31-40 минута (5), 0-10 и 41-50 минута (4).
Што се однесува до бројот на примени голови, имаме 13, како и екипата на Шкендија, додека најдобрата одбрана ја поседува Кул, кој има само 8 примени погодоци. Статистиката вели дека нашата одбрана е помалку концентрирана во вториот дел од мечевите кога сме примиле 10 голови, додека во првиот дел од натпреварите имаме примено само 3 голови.